Комерцијална банка, Стопанска банка и НЛБ банка ги објавија билансите од работењето во 2024 година на сајтот на Македонската берза. Кај трите банки има зголемување на кредитите одобрени на нефинансискиот сектор,(компании и домаќинства)во споредба со одобрените кредити во 2023 година.
Денар направи анализа каков е износот на одобрените кредити во структурата на активата и во однос на депозитите од нефинансискио сектор.
Износот на одобрени кредити во Комерцијална банка изнесува 72 975 118 илјади денари и во структурата на активата на банката
учествува со 40,86 отсто(во 2023 година 36,80 отсто). Износот на депозитите на нефинансискиот сектор во Комерцијална банка изнесува 153 401 930 илјади денари, процентот на искористени депозитите за кредити изнесува 47,57 отсто(2023 година 42,23 отсто).
Износот на одобрени кредити во Стопанска банка е 98 874 543 илјади денари и во структурата на активата учествува 68.66 отсто(2023 година учеството било 70,05 отсто).Износот на депозитите од нефинансискиот сектор во Стопанска банка изнесува 108 524 202 илјади денари и процентот на искористени депозити за кредити изнесува 91,10 отсто(2023 година 91,88 отсто)
Износот на одобрени кредити во НЛБ Бнка изнесува 84 148 602 илјади денари и во структурата на активата учествува со 63,88 отсто(2023 година 63,63 отсто). Износот на депозити на нефинансискуот сектор во НЛБ Банка изнесува 106 913 172 илјади денари и процентот на искористени депозити за кредити изнесува 78,70 отсто(2023 година 80,06 отсто).
Комерцијална банка е најголемата македонска банка според билансната сума која што на 31.12.2024 година изнесува 178 612 374 илјади денари. Билансната сума на Стопанска банка изнесува 144 011.499 илјади денари, а на НЛБ Банка 131.712.753 илјади денари.