Во објавените биланси на успех за 2024 година на сајтот на македонската берза, Комерцијална, Стопанска и НЛБ банка објавија колку е нивната заработка по акција.
Заработката по акција на Комерцијална банка изнесува 2.161 денари(1.571 денари во 2023 година), Стопанска банка АД Скопје заработила 203,17 денари по акција(198,72 денари во 2023 година) и НЛБ Банка 3.858 денари по акција(3.767 денари во 2023 година).
Комерцијална банка АД Скопје има издадено 2 279 067 обични акции, Стопанска Банка АД Скопје 17 460 180 акции и НЛБ Банка АД Скопје 854 061 акции.
Колку од остварената заработка по акција ќе се подели за дивиденда по акција, со Одлука до Собранието на акционери ќе предложи Управниот одбор како извршен и Надзорниот одбор како стратегиски орган на банките.
Комерцијална банка АД Скопје веќе објави на Македонската берза дека планира да подели дивиденда од 1.250 денари бруто по акција.
Собранието на акционери ја донесува одлуката за распределба на добивката и одлуката за дивиденда.
Одлуката се носи со најмалку 51 % од гласовите на Собранието, а секоја обична акција носи право на еден глас.