Неодамна објавените видеа од несреќата во Вашингтон над реката Потомак даваат нови, појасни детали за судирот меѓу регионалниот лет 5342 на American Airlines, управуван од Bombardier CRJ700 на PSA Airlines и американскиот воен хеликоптер Sikorsky UH-60L Black Hawk.
Снимката која се појави на социјалните мрежи, а ја објави Си-Ен-Ен, го прикажува моментот на удар од повеќе агли, што дава подобар увид во самиот настан. На снимката се гледа како CRJ700 се приближува до аеродромот Роналд Реган на стабилен пристап до пистата 33, додека хеликоптер влегува од страна и удира во авионот на мала височина. Набргу по судирот, двата авиони се урнаа во реката Потомак.

