Стопанска банка АД Скопје продолжи со остварување на солидни резултати и висока профитабилност во анализираниот период, капитализирајќи ги развојните можности втемелени врз здравата основа на Банката, видно од сите клучни индикатори.
Нето-приходите од камати изнесуваат 6.171.648 илјади денари и се зголемени за 8 % во однос на минатата година, резултат во кој најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 864.918 илјади денари и во однос на минатата година бележат зголемување од 6 %.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 179.504 илјади денари и се зголемени за 23 % споредено со 2023 година.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 494.404 илјади денари.
И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 1.065.098 илјади денари и 1.162.996 илјади денари, респективно и се за 11 % повисоки во однос на претходната година.
Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е една од приоритетните цели на Банката. Оттука, во 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.175.092 илјади денари.
Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 5.316.208 илјади денари, додека добивката пред оданочување за 2024 година изнесува 4.141.116 илјади денари и е за 7 % повисока во однос на минатата година.
Како резултат на новиот Закон за глобален данок, Банката пресмета дополнителен данок, кој заедно со останатиот данок на добивка изнесува 593.760 илјади денари, со што добивката по оданочување изнесува 3.547.356 илјади денари.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.