2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПочна производството на моделот Volvo S60L во Кина

Почна производството на моделот Volvo S60L во Кина

Шведската компанија соопшти дека во фабриката на „Volvo“ во Ченгду во Кина започна производството на производниот модел „Volvo S60L“, верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание на втората генерација на седан моделот со четири врати.

Првиот „S60L“ кој ја напушти производната линија е модел со боја на морска школка, велат од компанијата, додавајќи дека возилото со продолжено меѓуосовинско растојание ќе има свое официјално деби на саемот за автомобили во Гуангжу на 21-ви ноември.

Почетокот на сериското производство во градот Ченгду е само последниот доказ дека „Volvo“ во Кина работи со полн капацитет, што е предуслов за успех на овој бренд за во иднина, истакнуваат раководните лица на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП