12 март, 2025
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка ја реализираше својата стратегија за 2024 година, раст на приходите...

ТТК Банка ја реализираше својата стратегија за 2024 година, раст на приходите и добивката

Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2024 година, ТТК Банка АД Скопје ја реализираше својата стратегија, работејќи во согласност со клучните цели и задачи утврдени во Деловната политика и во Финансискиот план за 2024 година.

Во текот на 2024 година, ТТК Банка АД Скопје успешно ги усогласи своите стратешки цели со променливите макроекономски услови, што доведе до зголемување на профитабилноста и обезбеди стабилна и континуирана вредност за сите засегнати страни – клиентите, вработените и акционерите.

Заклучно со 31 декември 2024 година, Банката забележа позитивен финансиски резултат од 108,3 милиони денари, што претставува пораст од 2,9 % во споредба со истиот период минатата година. Овој успех е резултат на зголемените оперативни приходи од 3,6 %, при што истовремено беа контролиран и расходите, кои пораснаа за 8,0 %. Дополнително, исправките на вредноста на финансиските средства на нетоцоснова достигнаа 37,4 милиони денари, што ја потврдува финансиската стабилност на Банката и нејзината подготвеност да се справи со динамичните пазарни услови.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП