28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВидео игрите заработија 82 милијарди долари повеќе од Холивуд

Видео игрите заработија 82 милијарди долари повеќе од Холивуд

Како технологијата станува се понапредна, така се очекува индустријата на видео-игри да го надмине Холивуд во популарноста, но и во заработката. Глобално се очекува индустријата на видео-игри со продажбата на наслови да оствари профит од скоро 100 милијарди долари, додека холивудските блокбастери на благајните ќе заработат 10.8 милијарди долари.

Успехот на видео-игрите е толку очигледен, па некои познати личности одлучија своите гласови да ги позајмат за ликовите во игрите, па така играчите во одредени игри имаат можност да ги слушнат гласовите на Кристофер Вокен, Снуп Дог и многу други.

На пример, само три дена по своето излегување „Gran Theft Auto V“ оствари рекордна заработка од милијарда долари, а се очекува и новата инсталацијата на играта „Call of Duty: Ghosts“ исто така да ја стигне оваа бројка, со мала помош на Меган Фокс која се појавува во рекламите за ова остварување.

„Гејмингот повеќе не е само хоби без некоја посебна вредност, а тоа го докажа „GTA V“, и навистина е возбудливо тоа што го предизвикаа во борба Холивуд и го победија“, вели Крејг Глендеј, уредник во „Guinness Book of World Records“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП