16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Македонците се освестија, во петок на 31 јануари бојкот на маркетите!

И Македонците се освестија, во петок на 31 јануари бојкот на маркетите!

На социјалните мрежи почна да се споделува фотографија на која стои „Попусто попусти кога цените се исти“ и најава за бојкот на маркетите на 31ви јануари. Граѓаните се револртирани од односнот на трговците и немоќта на власта да стори нешто бидејќи мерките кои досега беа на сила не дадоа буквално никаков ефект за подобрување на куповната моќ, напротив само зголемување на профитот на трговците.

По Хрватска, во петок и македонските граѓани нема да влегуваат во маркетите и на тој начин ќе го изразат незадоволството од енормно високите цени, пред се на храната но и на останатите производи кои граѓаните редовно ги купуваат. На социјалните мрежи на големо се споделува фотографијата која треба да ги мобилизира граѓаните и во петок на 31 јануари никој да не влегува во маркетите.

„Попусто попусти кога цените се исти“ е слоганот кој дополнително треба да ги мотивира граѓаните на бојкот во петок, бидејќи сите мерки кои се донесоа не само од оваа власт туку и од минатата, не ја подобрија состојбата кај народот.

На неколку пати синдикатите преку своите анализи посочија дека главни виновници за намалената куповна моќ на граѓаните се добар дел од несовесните трговци. Пред да стапи на сила мерката цените се креваат до „небо“, а потоа во одреден период се намалуваат, всушност тие се на исто ниво и профитот на газдите дури и се зголемува. Тоа граѓаните можат да го забележат, бидејќи секојдневно се во продавниците.

Сега, колку овој потег ќе ги замисли несовесните трговци и ќе започнат конечно да бидат општествено одговорни, останува да се види. Само да ги потсетиме дека нејасно е како за една година вредноста на синдикалната минимална кошничка е поскапа за цели 100 евра. На едно четири члено семејство само за набавка на основните прехранбени производи му се потребни повеќе од една минимална плата, која во моментов изнесува 22.500 денари. А во земјава има над 30 илјади граѓани кои месечно заработуваат минимална плата, па тука се поставува прашањето, како ли тие семејства го протуркуваат месецот, што е со другите трошоци кои ги имаат во текот на еден месец, а тие изнесуваат над 1000 евра.

Вакви акции граѓаните веќе спроведоа во Хрватска во петокот, а бојкот на маркетите ќе има и во Црна Гора, а претходно во  маркетите не влегуваа поради револтг и граѓаните на Франција, Италија, но  и во други држави во Европа се спроведе оваа граѓанска иницијатива.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП