Новиот „Cadillac Lyriq-V“ е вистински луксузен ѕвер на овој бренд.
Не само што е првиот целосно електричен „Cadillac“ што ја носи значката „V“, туку е и најбрзиот модел што брендот некогаш го изградил.
Станува збор за автомобил со два мотори, кои се доволни за 615 ks и 885 Nm максимален вртежен момент.

Сето ова е доволно за новиот „Lyric-V“ да забрза од 0 до 100 km/h за само 3,3 секунди во режимот „Velocity Max“, што е за 0,1 секунда побрзо од „CT5-V Blackwing“, кој има SUS мотор, пренесува „Autoblog“.
И покрај тежината од околу 2.700 килограми, овој модел има батерија од 102 kWh што е доволна за автономија од 460 километри со едно полнење, а дополнителни 120 километри досег може да се обезбедат за само 10 минути со брзо полнење.

„Cadillac“ вклучи три режими на возење за клиентите да го имаат најдоброто можно искуство: „Competition“, која ја зголемува агилноста на возилото, „V-Mode“, кој овозможува перформансите на возилото подобро да се прилагодат на возачот и на крајот „Velocity Max“ кој веќе го споменавме.