19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПразни продавници во Хрватска: Граѓаните денеска бојкотираат поради постојаното поскапување на храната

Празни продавници во Хрватска: Граѓаните денеска бојкотираат поради постојаното поскапување на храната

Поради високите цени на храната, повиците за бојкот на продавниците и бензинските пумпи се проширија низ Хрватска претходно оваа недела. На повикот денеска се одзваа граѓани ширум Хрватска, а продавниците и бензинските пумпи се речиси празни од утрото.

Додека синдикатите, здруженијата на потрошувачи, па дури и некои политичари, и од власта и од опозицијата, ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо, трговците и претприемачите протестираат, а многумина најавија големи попусти, само за денеска. Од здружението „Гласот на претприемачите“ велат дека државата борбата против инфлацијата им ја препушта на граѓаните и на економистите.

Како се одвивала оваа граѓанска иницијатива ќе покажат податоците на Даночната управа за фискалните сметки во петок.

-Очекуваме дека потрошувачите денеска ќе си го одржат зборот затоа што сакаат да го артикулираат своето незадоволство, што се случи затоа што цените во Хрватска се неверојатно зголемени и ниту една друга земја членка на ЕУ не забележала вакво поскапување во последните две години, а исто така знаеме дека ние сме на врвот на ЕУ кога е инфлацијата во прашање, изјави Јосип Келемен од платформата „Ало инспекторе“.

Дарко Кнежевиќ од Хрватската занаетчиска комора рече дека мора да се прифати бојкотот на граѓаните бидејќи „мора да бидеме свесни дека луѓето тешко живеат“. Смета дека со бојкот нема да се реши проблемот, но, како што вели, добро е да се сврти вниманието на проблемот.

Во Хрватска, потрошувачките цени мерени со ХИЦП се зголемија за 4,5 отсто во декември минатата година во споредба со истиот месец во 2023 година, што е најсилен раст од мај. Така, Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, зад Романија (5,5 отсто) и Унгарија (4,8 отсто). Годишната стапка на инфлација во ЕУ во декември минатата година изнесуваше 2,7 отсто, а во еврозоната 2,4 отсто, покажуваат најновите податоци на Евростат, пренесува ХРТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП