Просечната оценка за задоволство од животот во Европската унија во 2023 година беше 7,3 на скала од нула до 10, а највисоката оценка е забележана во Финска од 7,8, објави денеска Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ вели дека следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија, секоја со оценка од 7,7.
Меѓу 27-те земји на ЕУ, дури 13 забележале рејтинг над просекот на Европската унија, додека Словачка и Луксембург имале потполно ист.
Бугарија забележа најниска оценка од 5,9, додека Летонија и Грција имаат нешто подобро со по 6,9.
Евростат забележува дека на задоволството од животот може да влијаат многу фактори, како што се возраста, степенот на образование, семејството и финансиската состојба.