26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПретставен брендот Kazam, како и пет смартфони

Претставен брендот Kazam, како и пет смартфони


Поранешните шефови на компанијата „HTC“, Мајкл Комбис и Џејмс Еткинс, го претставија својот нов бренд наречен „Kazam“, како и петте први смартфони.

Линијата на мобилни „Kazam“ ќе го користи оперативниот систем „Android“. Секој од нив доаѓа со различна батерија, microSD поддршка, два слота за SIM картички и техничка поддршка, но компанијата „Kazam“ се уште нема сопствени апликации.

„Ние се грижиме за искуствата на нашите купувачи. Сакаме да бидат секогаш среќни со нашите уреди. Веруваме дека убавото искуство е важно како и технологијата. Ќе бидеме со вас кога и да сме ви потребни“, соопшти компанијата „Kazam“.

Купувачите кои ќе го оштетат екранот во период од една година можат да го испратат својот уред на бесплатна замена и поправка.

Понудена е и услугата „Kazam Rescue“, која им овозможува на вработените во компанијата да сервисираат софтверски грешки и на оддалеченост.

„Kazam Thunder“ е најнапредниот во своето семејство, а тој доби „quad-core processor“. Под него е „Kazam Trooper“ кој има „dual-core processor“.

Наскоро ќе биде познато кога ќе стартува продажбата на мобилните, на кои пазари и по која цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП