4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕсенска проверка на гумите

Есенска проверка на гумите

vlazen pat

Иако почетокот на оваа есен беше прилично сончев, метеоролозите велат дека вистинската есен тек ќе започне, односно дека ни претстојат дождливи и студени денови. Значи, треба да се подготвите за есенските услови на патиштата.

Вашето возило треба цврсто да се потпира на гумите. Ако гумите не се во одлична состојба, тоа може да предизвика проблеми на патот. Затоа „чевлите“ на вашиот автомобил мораат да бидат правилно балансирани.

Се препорачува балансирање на сите четири тркала, затоа што ефектот на тресење на возилото може да се појави и доколку, да речеме, задните тркала се балансирани, а предните не. Кога гумите не се добро балансирани, возилото може да влече од едната на другата страна при сопирањето, а трошењето на гумите не е еднакво.

Наскоро употребата на зимски гуми ќе стапи во сила во нашата земја, па поради тоа потребно е да проверите дали шарата на вашите пневматици е доволно длабока, односно според пропишаната длабочина. Според правилникот минималната длабочина на шарата на возилата изнесува 4мм за зимските гуми.

Препорака е, доколку сте во можност, да не чекате гумите да го достигнат пропишаниот минимум. „Ќелавите“ гуми не реагираат добро, дури и на најидеалните услови на патот.

Нормално, проверете го и притисокот на гумите. Проверката на притисокот во гумите се врши кога тие се ладни, а не веднаш по долго возење. Оваа проверка треба да се врши по можност барем еднаш неделно, заради вашата безбедност. Проверете во каква состојба е и вашата резервна гума, поради тоа да не дојде до несакани ситуации и непријатни изненадувања.

Исто така, проверете дали гумите рамномерно трошат и дали случајно има некои оштетувања на страните. Потсетуваме, ваквото оштетување на гумите може да доведе до „пукање“ или нагло испуштање на воздухот во текот на возњето. Исто така важно е да се избегнува преминување преку остри рабови на тротоарите кога го паркирате автомобилот, за да не ги оштетите или ослабите страните на гумите.

На крајот, обрнете внимание на тоа како возите на дожд или кога патиштата се влажни. На патиштата надвор од градот потребно е повеќе да внимавате на кривините, каде може да дојде до намалување на можноста да се управува со возилото поради брзината на движење. Патот на сопирање на возилото на влажен пат може да биде и до 50 проценти подолг, отколку на сув асфалт, а сето тоа зависи од брзината на движење, видот на возилото, типот и состојбата на гумите. Среќен Пат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП