26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрограмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 1.570 евра

Програмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 1.570 евра

Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава.

Просечната плата за програмерите во ноември 2024 година изнесувала 1.570 евра или просечни 96 576 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ пет најплатени професии се Научно истражување и развој, кои во ноември земале во просек 65 635 денари нето плата. Следуваат вработените во “Складирање и помошни дејности во превозот” со 61 915 денари, па вработените во “Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати” со 61 329 денари и последни од топ пет се вработените во “Воздухопловен транспорт” со 60 004 денари нето плата.

На другата страна пак од скалилото, топ пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во ноември добиле во просек по 22.291 денари. Следуваат вработените во секторот “Рибарство и аквакултура” со 26.290 денари, па тие во услуги поврзани со одржување згради со 26.440 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2024 година изнесува 41 999 денари и е намалена во однос на претходниот месец.

Зголемувањет на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен има во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија (11.2 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП