Суплементите кои содржат колаген создаваат ситост и ја намалуваат желбата за слатка храна.
Колагенот е најважниот протеин потребен за здравје и долговечност. Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 40-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка. Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и изложувањето на сонце. Затоа треба да го внесуваме преку квалитетни додатоци во исхраната, и преку храна која содржи колаген.
Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна дополнителна помош од надворешни извори, главно од суплементи.
Колагенот е основата за здрави коски, зглобови и видливо помазна и затегната кожа! Нашиот избор е на Peptan® Collagen Peptides, со кој добивате: поддршка за хидратација и еластичност на кожата, здравје на зглобовите и коските и природна убавина одвнатре.
Во продавниците на Натура Терапи можете да најдете високо квалитетен колаген од реномиран француски производител, кој е без вкус и со максимална флексибилност и ефикасност. Можете да го додадете во појадокот со овесна каша, во омилениот утрински кафе напиток, или пак во супа или било кое јадење по слободен избор, и за само неколку недели да почувствувате целосна трансформација на вашето тело!

линк: https://naturatherapy.mk/collagen-peptides-11-bez-vkus-mk-mk
Не помалку важно е да знаеме дека суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна. Добрите колагенски производи даваат резултат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е користење подолг период, позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнеме или за неколку дена да имаме кондиција како маратонец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.
(ПР објава)