13 мај, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Златното доба на Америка започнува денес

Трамп: Златното доба на Америка започнува денес

Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Тој положи заклетва како 47. претседател на Соединетите Американски Држави, со што отвори уште еден, очекувано турбулентен мандат.

Тој започна со ветување дека ќе депортира милиони мигранти, ќе им се одмазди на непријателите и ќе ја промени улогата на САД во светот.

„Златното доба на Америка започнува денеска. Нашата земја ќе напредува и никој повеќе нема да не искористува. Секој ден од мојата администрација, Америка ќе биде на прво место. Ќе бидат поставени вагите на правдата. Наш врвен приоритет ќе биде да создадеме нација која е горда, просперитетна и слободна. Америка наскоро ќе биде поголема, посилна и поизвонредна од кога било досега. Наш врвен приоритет ќе биде да создадеме нација која е горда, просперитетна и слободна. Америка наскоро ќе биде поголема, посилна и поизвонредна од кога било досега. Се враќам на оваа должност со самодоверба додека бран на промени ја зафаќа нашата земја. Имаме можност да искористиме се што ни се нуди, но мора да бидеме свесни за предизвиците што не очекуваат. Кај нас владее криза на недоверба, системот со години ја одзема власта од нашите граѓани, а државата е во хаос. Имаме влада која не може да се справи со едноставна криза дома, а се соочува и со низа катастрофални настани во странство. А исто така обезбедува заштита на криминалците кои илегално влегле во нашата земја. Од овој момент, падот на Америка е завршен. Нашите слободи и судбината на славниот народ повеќе нема да ни се ускратуваат. Веднаш ќе го вратиме интегритетот на Владата. Ја добивме довербата на припадниците од сите раси, заедници… Сакам да им се заблагодарам на сите за љубовта и довербата, нема тоа да го заборавам. Денеска е Денот на Мартин Лутер Кинг и ќе го оствариме неговиот сон. Ние ќе ги оданочуваме странските земји, а не нашите граѓани. Секој ќе може да го купи автомобилот што го сака. Од денеска ќе има само два пола, женски и машки. Од овој ден натаму, Соединетите Држави ќе бидат горда, слободна и суверена нација. Ништо нема да ни застане на патот бидејќи ние сме златна нација“.

Доналд Трамп положи заклетва како 47. американски претседател во зградата на Капитол.

Трамп, кој беше и 45-ти американски претседател, положи заклетва пред главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс две минути попладне по локално време.

Тој се заколна на две Библии, лична што му ја дала мајка му во 1955 година и историската користена на инаугурацијата на претседателот Абрахам Линколн во 1861 година.

Церемонијата првично требаше да се одржи пред американскиот Капитол, но поради студеното време беше преместена во Конгресната Ротонда.

Пред Трамп, заклетва положи и потпретседателот Џејмс Дејвид Венс.

На церемонијата присуствуваа сите поранешни претседатели на САД: Бил Клинтон, Џорџ Буш помладиот и Барак Обама. Секако, таму беше и поранешниот претседател Џо Бајден, кој во Капитол пристигна во иста лимузина со Трамп.

Претходно, Бајден и неговата сопруга Џил накратко беа домаќини на Трамп и неговата сопруга Меланија во Белата куќа.

Церемонијата во конгресната ротонда ја отвори оперскиот пејач Кристофер Макио со песната „О, Америка!“, а посредувањето го предводеа њујоршкиот надбискуп кардинал Тимоти Долан и евангелскиот свештеник Френклин Греам.

Ниските температури ги принудија организаторите да ја откажат и планираната парада на воени полкови, средношколски бендови, украсени плови и групи граѓани по авенијата Пенсилванија.

Парадата сега ќе се одржи во спортската арена Capital One со 20.000 седишта во центарот на Вашингтон.

Трамп најави дека веднаш по неговата инаугурација, ќе потпише серија извршни наредби за решавање на различни прашања, од прекин на владините програми за постигнување родова и расна различност на работното место до обезбедување на јужната граница со Мексико.

Добро информиран извор изјави дека Трамп има намера да потпише повеќе од 200 извршни наредби уште на првиот ден од неговата функција.

Милијардерите парадираат покрај Трамп

Парада на технолошки милијардери му се придружи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот на миса пред неговата инаугурација.

Основачот на Амазон, Џеф Безос, шефот на Мета, Марк Цукерберг, шефот на Apple, Тим Кук и шефот на Google, Сундар Пичаи, беа видени како ги заземаат првите редови во епископската црква.

Во црквата биле забележани и медиумскиот тајкун Руперт Мардок, претседателот на ФИФА Џани Инфантино и поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Многумина од нив беа меѓу првите критичари на Трамп во деловниот свет за време на неговиот прв мандат, зборувајќи за прашања како климатските промени и имиграцијата.

Извршниот директор на TikTok, Шоу Зи Чоу, исто така, присуствуваше на инаугурацијата бидејќи неговата компанија се справува со последиците од забраната од САД за кинеската апликација, како и Сем Алтман од OpenAI и Дара Косрошахи од Uber.

Се разбира, тука е и шефот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, кој потроши речиси 300 милиони долари на претседателската кампања и оттогаш цврсто се држи до Трамп.

Тоа е впечатлив спектакл, пишува Би-Би-Си. Последниот јавен настан во Вашингтон што собра толку многу технолошки шефови заедно во иста просторија беше конгресното сослушување во 2020 година фокусирано на нивните компании.

Денес, повеќето од овие компании сè уште имаат сериозни нерешени работи пред владата на САД, кои вклучуваат антимонополски тужби, истраги, регулаторни битки и тарифи.

Минатата недела, демократските сенатори Елизабет Ворен и Мајкл Бенет објавија писмо до извршните директори во кое ги обвинуваат дека се обидуваат „да се договараат со новата администрација на Трамп во обид да ја избегнат контролата, да ја ограничат регулативата и да купат услуга“.

„Смешно е што никогаш не ми испратија такво нешто за да придонесам за демократите“, одговори Алтман на социјалните мрежи.

Останува отворено прашање колку ќе се покаже издржлив технолошкиот „броманс“ и колку далеку ќе оди Трамп за многу од овие прашања.

Претседателот, кој најпрво ја напушти функцијата како отфрлен во деловниот свет, се чини дека ужива во својата нова позиција.

„Сите сакаат да ми бидат пријатели!!!“ напиша Трамп на социјалните мрежи во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП