9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛозинки кои не смеете да ги користите на интернет!

Лозинки кои не смеете да ги користите на интернет!

lozinki

Хакерскиот упад во онлајн системот на „Adobe“ на почетокот на октомври во кој беа украдени преку 38 милиони сметки, покажува дека корисниците и натаму не ја земаат во предвид силината на својата лозинка. Откриени се и најчесто користените шифри, а тоа се „123456“, „123456789“ и „password“.

Податоците на корисниците завршија на интернет, а спакуваната датотека е со големина од дури 9.3 GB, па неколку компании започнаа веднаш да ги декодираат. Исто така, тие влегле и во налозите и на неактивните корисници и така земале неверојатни 130 милиони лозинки.

Џереми Госни ги декодираше податоците за „Stricture Consulting Group“ и на интернет ги објави 100-те најкористени лозинки кои се добиени со декодирање на „Adobe“ податоците.

Податоците покажуваат висок степен на рамнодушност и незаинтересираност кај корисниците да дизајнираат квалитетна и сигурна лозинка. На јавните сервери на „Adobe“ корисниците своите налози ги штителе со лозинки како „123456“, „password“, „adobe123“ и „photoshop“, за кои неморате да бидете некој експерт за да откриете.

Листата на 20-те најчесто користени лозинки, кои ги „создале“ корнисниците на онлајн системите на „Adobe“:

– 123456

– 123456789

– password

– adobe123

– 12345678

– qwerty

– 1234567

– 111111

– photoshop

– 123123

– 1234567890

– 000000

– abc123

– 1234

– adobe1

– macromedia

– azerty

– iloveyou

– aaaaaa

– 654321

Компанијата „Adobe“ не потврди дали лозинките се легитимни, а во меѓувреме сите налози се „суспендирани“ додека корисниците не ги променат своите лозинки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП