8 февруари, 2025
ПочетнаСВЕТБлумберг: Ова е клучниот услов на Путин за преговорите со Трамп за...

Блумберг: Ова е клучниот услов на Путин за преговорите со Трамп за Украина

Во идните разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Русија ќе бара Украина да ги прекине врските со НАТО и да стане неутрална држава со ограничена војска, велат запознаени со ова прашање, пишува Блумберг.

Путин се повеќе е убеден дека ја има предноста на бојното поле во Украина и е решен да ја постигне својата цел Киев никогаш да не се приклучи на НАТО и да ги ограничи неговите воени способности.

Ставот на Кремљ е дека иако некои членки на НАТО може да продолжат да испраќаат оружје во Украина, тоа не треба да се користи против Русија или за повторно освојување територии, изјави еден од изворите запознаени со подготовките на Москва за можни преговори.

Ставот на Путин ѝ пркоси на желбата на Трамп да го прекине конфликтот што е можно поскоро и можеби е дизајниран токму за да и даде време на Москва да маневрира за преговори.

Украина и Русија водат ограничени разговори во Катар за правилата за заштита на нуклеарните капацитети од напади, а преговорите меѓу Киев и Москва, наводно, моментално се ограничени на размена на затвореници и враќање на депортираните деца. Преговорите за прекин на борбите се уште не се започнати.

Условите на Русија вклучуваат задржување, барем де факто, контрола врз околу 20 отсто од руската територија во Украина, која го вклучува и Крим. Сепак, некои извори укажуваат дека Москва е отворена за одредени територијални размени.

-Прашањето на територијата не е главниот проблем. Има многу поширок контекст кој, очигледно, сè уште не е целосно разбран на Запад, рече Татјана Становаја, основач на консултантската куќа R.Politik и виш соработник во евроазискиот центар Карнеги Русија, додавајќи дека позицијата на Москва за кандидатурата и разоружувањето на Украина за НАТО е непоколеблива.

-Украина треба да биде неутрална, безопасна и во никој случај не треба да биде истурена станица за НАТО или за САД. Треба да има мала армија, доволна да ги заштити своите граници од бегалци и да врши полициски функции – но не доволно за да се бори против Русија, рече националистичкиот руски тајкун и сојузник на Кремљ Константин Малофеев во интервју минатиот месец. Тој додаде дека неутралниот статус треба да биде во уставот на Украина.

Главната грижа на Украина е дека прекинот на борбите ќе и овозможи на Русија да се прегрупира и да нападне, а Киев затоа нагласува дека ѝ треба западно оружје и доволно војници.

Путин пред малку повеќе од една година им кажа на високи американски претставници дека потенцијално би можел да размисли за откажување од тие барања за неутралност на Украина, па дури и нејзиното противење на членството во НАТО. Оттогаш, воената ситуација на Русија е подобрена и таа постигна напредок долж фронтот во Украина, па Путин зазеде поцврст став, според еден од изворите запознаени со подготовките, пренесува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП