7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAрапски суперавтомобил со 5000КС (видео)

Aрапски суперавтомобил со 5000КС (видео)

gjh1

На автомобилскиот саем во Дубаи беше прикажан суперавтомобилот „Devel Sixteen“ кој претставува целосно арапски производ. На изглед „Devel Sixteen“ наликува на автомобилот на Бетмен.

Моторот на ова возило е со моќност од 5000 КС со кој се овозможува забрзување од 0 до 96 км/ч за 1.8 секунди. Максималната брзина на овој суперавтомобил е 560 км/ч, но засега повеќе детали не беа обелоденети.

Понудениот саемски модел ќе стане сопственост на оној кој е подготвен да плати за него 5 милиони дирами (над 1 милион евра).

„Devel Sixteen“ сепак не е првиот суперавтомобил од арапско производство. За таков се смета „Lykan Hypersport“ кој е развиен од либанската компанија „W Motors“. Неговата моќност е 750 КС, а каросеријата е цела во диоди, а исто така е украсен и со дијаманти. Автомобил забрзува од 0 до 100 км/ч за 2.8 секунди, додека пак неговата максимална брзина е 390 км/ч. Цената е исто така импресивна, а изнесува 3.4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП