8 февруари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКИНА НЕОДЛУЧНА: Размислува да го продаде TikTok на американскиот милијардер

КИНА НЕОДЛУЧНА: Размислува да го продаде TikTok на американскиот милијардер

Кинеските власти размислуваат да го продадат американскиот бизнис на социјалната мрежа TikTok на Илон Маск доколку компанијата не успее да спречи судска забрана на платформата во Соединетите држави (САД).

Судиите на Врховниот суд на САД треба да донесат одлука за законот со кој е поставен краен рок до 19 јануари за TikTok или да ги продаде своите операции во САД или да се соочи со забрана во земјата.

Властите во Пекинг најмногу сакаат американските операции на TikTok да останат во сопственост на кинеската матична компанија ByteDance, но тие исто така анализираат и непредвидени сценарија, од кои едно е продажба на Илон Маск, пишува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според едно сценарио за кое наводно разговарала кинеската влада, компанијата на Маск Х (Твитер) ќе ја преземе контролата врз ТикТок во САД и двете компании заеднички ќе го водат бизнисот, додаваат изворите.

TikTok има повеќе од 170 милиони корисници во Соединетите Држави, што би помогнало во напорите на платформата X да привлече огласувачи. Маск има и посебна компанија за развој на вештачка интелигенција, XAI (xAI), која би можела да има корист од огромното количество податоци на TikTok. Кинеските власти допрва треба да постигнат цврст консензус за тоа како да се продолжи, а нивните размислувања се сè уште прелиминарни, рекоа извори во њујоршката агенција.

Претставниците на TikTok, кои во минатото постојано нагласуваа дека нема да го продаваат својот бизнис во Америка, ја демантираат веста на Bloomberg и ја нарекоа „чиста фикција“.

„Не може да се очекува да коментираме за чиста фикција“, изјави портпаролот на TikTok за Би-Би-Си.

Платформата Х сè уште не одговорила на барањето за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП