18 април, 2025
ПочетнаСВЕТШефот на НАТО и порача на Европа: Дајте повеќе пари или учете...

Шефот на НАТО и порача на Европа: Дајте повеќе пари или учете руски и бегајте во Нов Зеланд

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во обраќањето пред Европскиот парламент рече дека Европската унија мора да ги преиспита своите приоритети за трошење со цел да ги зголеми трошоците за одбрана.

„Европските земји трошат во просек до една четвртина од својот национален приход за пензии, здравствена заштита и социјално осигурување, а ни треба само мал дел од тие пари за значително да ја зајакнеме нашата одбрана“, рече Руте пред пратениците.

И покрај зголемената загриженост за Трамп, кој ја доведе во прашање независноста на Канада и не ја отфрли употребата на сила за заземање на Панамскиот канал или Гренланд, Руте истакна дека Европа останува зависна од САД за безбедност. Тој смета дека е „илузорно“ е да се верува дека Европа може да обезбеди сопствена одбрана.

Во своето прво обраќање пред Европскиот парламент како шеф на НАТО, Руте истакна дека целта е „да се доближат НАТО и ЕУ“ со цел да се одговори на „дестабилизирачките кампањи на Кремљ“, но и на заканите кои доаѓаат од Иран, Кина, сајбер нападите и нуклеарно оружје.

„Сега сме безбедни, но за четири или пет години можеби нема да бидеме“, рече тој, додавајќи дека ако трошоците не се зголемат, Европејците треба „да ги изнесат учебниците по руски јазик или да емигрираат во Нов Зеланд“.

„Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа“, рече тој.

„Не сме во војна, но не сме ниту во мир. Ова значи дека мораме да инвестираме повеќе во одбраната и да обезбедиме дополнителни капацитети. Ова не може да чека повеќе. Мораме да ја зголемиме отпорноста на нашите општества и критичната инфраструктура.

Клучен дел од таа безбедност е зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и ЕУ. И покрај фактот што двете институции се лоцирани во Брисел, тие со години соработуваат од далечина.

НАТО беше фокусиран на одбраната и трансатлантските односи, додека ЕУ водеше на прашања како што се трговијата, земјоделството и климата. Но, руската инвазија на Украина промени сè.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП