21 април, 2025
ПочетнаСВЕТМАСК НАЈАВИ: Трамп многу брзо ќе го реши украинскиот конфликт

МАСК НАЈАВИ: Трамп многу брзо ќе го реши украинскиот конфликт

Решавањето на конфликтот во Украина е можно, но за тоа е потребно силно лидерство во САД, изјави американскиот бизнисмен Илон Маск.

„Постои начин да се реши (конфликтот), но тоа бара силно лидерство во Соединетите држави“, рече Маск за време на онлајн дискусијата со копретседавачот на германската партија Алтернатива за Германија (АДГ) и кандидат за канцелар Алиса Вајдел на социјалната мрежа Х.

Тој нагласи дека многу луѓе веќе загинале за време на конфликтот.

Тој, исто така, истакна дека Украина нема да го преживее конфликтот против Русија на долг рок.

Маск изрази уверување дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да го реши украинскиот конфликт „прилично брзо“, иако во разговорот со Вајдел одби да коментира како идниот американски лидер има намера да го стори тоа.

Вајдел оцени дека завршувањето на конфликтот во Украина би било многу добро.

Според неа, европските политичари не се способни да го решат конфликтот и немаат стратегија.

Да потсетиме дека за време на предизборната кампања Трамп го стави решавањето на украинската криза еден од своите приоритети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП