9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAcer пред процес на реконструкција

Acer пред процес на реконструкција

acermacer

Со цел да се подобри слабата финансиска состојба на тајванската компанија, „Acer“ ќе изврши процес за свое реконструирање. Досегашниот Извршен директор на компанијата, Ј.Т. Ванг поднесе оставка, откако на оваа позиција беше од 2005-та година.

На почетокот на следната година должноста привремен „CEO“ ќе ја превземе претседателот на „Acer“, Џим Вонг. Покрај одлуката за заминување на Вонг за следната година е планирана заштеда од 100 милиони долари со отпуштањето на 7 проценти од вработените.

Ќе се формира нов советодавен одбор кој ќе ги предложи измените за промените во продажната стратегија на „Acer“, да понудат производи кои ќе биде поконкурентни на пазарот на персонални компјутери, паметни телефони и таблети.

„Acer“ како еден од производителите на персонални компјутери забележа најголеми загуби поради падот на пазарот на компјутери во корист на паметните телефони и таблети. Во третиот квартал од оваа година забележана е загуба од 445 милиони долари, додека приходот бил помал за 11.8 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП