11 април, 2025
ПочетнаСВЕТАнкета на русите: Путин е политичар на годината

Анкета на русите: Путин е политичар на годината

Рускиот претседател Владимир Путин е, според руските граѓани, политичарот со највисок рејтинг во 2024 година во Русија, покажа истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВТСИОМ).

„Половина од руските граѓани (50 проценти) го избраа Владимир Путин за нивен политичар во 2024 година. Рускиот претседател постојано го зазема првото место на ова рангирање од почетокот на мерењата во 2006 година – во декемвриските анкети, тој беше споменуван во просек од половина од русите“, велат истражувачите.

Второто место му припадна на рускиот премиер Михаил Мишустин (18 отсто), а третото на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров (14 отсто).

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов (7 проценти) за прв пат се појави на рангирањето.

Со по два отсто поддршка, на листата на популарни политичари се најдоа и претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин, заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев и постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина, претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов добија по 1 отсто.

На списокот се најде и официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Анкетата е спроведена на 21 декември меѓу 1,6 илјади Руси на возраст над 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП