ПочетнаСВЕТНајмалку 95 луѓе загинаа! Голема катастрофа во Тибет по разорниот земјотрес, се...

Најмалку 95 луѓе загинаа! Голема катастрофа во Тибет по разорниот земјотрес, се е во урнатини

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет.

Најмалку 95 лица загинаа во силниот земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина. Според кинеските државни медиуми, многу згради се урнати. Според првите информации, повредени се повеќе од 130 лица, а уништени се над илјада куќи. Како што јавува Би-Би-Си, се уште е рано да се процени бројот на жртвите и се стравува дека тој ќе биде поголем.

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето да излезат на улиците во соседните Непал и Индија, јави новинската агенција Ксинхуа.

Илјадници спасувачи бараат луѓе под урнатините

Околу 1.500 пожарникари и спасувачи беа ангажирани во потрагата по луѓето под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Десетици последователни потреси

Селата во Тингри пријавија силно тресење на земјата, проследено со десетици последователни потреси со јачина до 4,4 степени.

Во радиус од 20 километри од епицентарот има три града и 27 села. Таму живеат вкупно околу 6.900 жители, објави Ксинхуа.

Земјотресите се почувствувани и во главниот град на Непал, Катманду, на околу 400 километри. Таму преплашените жители во моментот на земјотресот избегале од своите куќи на улица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП