5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБибер инвестира во нова друштвена мрежа

Бибер инвестира во нова друштвена мрежа

socialmediafunnel

Новата друштвена мрежа, која е фокусирана на тинејџерите и која се нарекува „Shots Of Me“, ќе биде активирана кон крајот на оваа недела.

Кратори се основачите на „RockLive Games“, a главен инвеститор е младиот пеач Џастин Бибер. Миленикот на младата популација вложил 1.1 милиони долари во новата мрежа, додека основачи се браќата Џон и Сем Шахиди.

„Го запознавме Џастин пред да почне да ги игра нашите игри и да твитува со нас. Тој е вклучен во нашиот проект и ни помогна при тестирањето. Кога му кажавме дека креираме друштвена мрежа која е наменета за тинејџерите и ќе им го нуди тоа што другите мрежи не им го нудат, тоа многу го заинтересира“, вели Џон.

Браќата Шахиди несакаа да објават повеќе детали за новата мрежа, освен дека нема да биде фокусирана на игрите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП