22 април, 2025
ПочетнаСВЕТУкраина изврши жесток напад со ракетите ATACMS, Русите се закануваат со Орешник

Украина изврши жесток напад со ракетите ATACMS, Русите се закануваат со Орешник

Русија објави дека ден претходно пресретнала американски ракети ATACMS лансирани од Украина и вети „одмазда“ бидејќи таквите напади ги смета за црвена линија.

„Оние акции на режимот во Киев, кои се поддржани од западни тутори, ќе бидат предмет на одмазда“, предупреди руската армија во соопштението.

Во последните недели рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе и нареди на својата армија да го нападне центарот на Киев поради украинските напади со американските ракети ATACMS и британските ракети Storm Shadow, но тоа се уште не се случи. Руската војска објави дека пресретнала „осум ракети ATACMS“ насочени кон рускиот регион Белгород, на границата со Украина, и повеќе од „72 беспилотни летала“. Таа не соопшти дали во тие напади има жртви или материјална штета.

Во ноември, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден му дозволи на Киев да ги користи тие ракети со долг дострел, откако илјадници војници од Северна Кореја им се приклучија на руските трупи. Оттогаш Киев изврши неколку напади со тие проектили, како и со британски ракети „Storm Shadow.“. Русија одговори со истрелување на хиперсонична ракета Орешник за прв пат, ветувајќи „одговор“ на секој таков украински напад на нејзина територија.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, изјави во средината на декември дека се противи на употребата на ракетите ATACMS од страна на украинската војска, предупредувајќи дека тоа ќе доведе до „интензивирање“ и „влошување“ на конфликтот.

Во близина на границата со Украина, две лица се повредени во напад на украински дрон врз градот Шебекино, изјави гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков. На линијата на фронтот, најмалку десет лица се повредени во украинскиот напад на градот Хорливка, во источна Украина, кој го зазеде Москва, изјави градоначалникот Иван Приходко.

Понатаму на север, руската армија во саботата објави дека ја освоила малата населба Надија во областа Луганск, која ја анектираше во 2022 година и која речиси целосно ја контролира. На крајот, четири лица се повредени во напад со руски беспилотни летала на југ, изјави шефот на општинската воена администрација на Керсон, Роман Мрочко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП