12 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали некого исплаши Законот за нефер трговски практики?!

Дали некого исплаши Законот за нефер трговски практики?!

Долгоочекуваниот Закон против нефер трговските практики кои се случуваат во земјава конечно стапува во сила со сите негови правила. Тоа значи дека веќе ќе може да се изрекуваат и казни, и тоа од 50 евра па се до 20 илјади евра.

Висината на казната ќе биде во зависност од големината на нефер трговската практика, но се разбира и од големината на правното лице, односно компанијата. Инспекторите досега само набљудуваа, а веќе од денес ќе имаат право и да казнуваат доколку утврдат нерегуларности во синџирот на трговијата.

Од Министерството за економија и труд информираат дека примената на казнените одредби на законскотот решение против трговските практики започна со стартот на новата година. Според информациите со законот се опфатени се 2.548 земјоделски и прехранбени производи, а во контролите на инспекторите утврдени се 26 нефер трговски практики.

Тие трговци поминаа само со опомена и со нивно ветување дека повторно тоа нема да се случи. Надлежните очекуваат законот да воведе ред во делот на регулирање на односите на сите инволвирани страни во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Целта е да се ограничат дополнителните трошоци што се наметнувале досега, и нивно ограничување на рабат на најмногу до 10 проценти. Законот предвидува казни од 50 евра па се до 20.000 евра.

 „Добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани“, велат од ресорното министерство.

Ова е последната надеж за граѓаните дека конечно цените на храната и во иднина нема да рушат рекорди. Овој закон беше донесен како резултат на високата инфлација во земјава која пред две години изнесуваше речиси 20 отсто. И минатата власт со сет на мерки се обидуваше да стави ред и да ги намали ценовните шокови со кои секојдневно се соочуваа граѓаните. И тие како и мерките на актуелната власт не дава резултати, барем такво е општото мислење на граѓаните кои секојдневно се анкетирани.

Потврда за тоа даде и Сојузот на синдикати кои објавија дека по завршувањето на Есенската кошничка трошоците за храна на граѓаните се намалиле за нецело едно евро, а од друга страна власта се пофали дека едно семејство доколку ги купувала производите со намелени цени кои беа во маркетите тогаш заштедата изнесувала околу 1200 денари на месечно ниво.

Сегашната празнична кошничка е конструирана од трговците, ретко кој може да ја пофали оваа мерка. Дури и премиерот на неколку пати револтиран од состојбата на терен ги предупреди трговците дека не треба да си играат со трпението на граѓаните и многу згрешиле дека си се обиделе да ја манипулираат владата.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП