Цела Мекедонија се гуши во загаден воздух. Мерните станици покажуваат висока концентрација на ПМ10 честички. Граѓаните од ден на ден се повеќе се револтирани поради неможноста на власта да се справи со еден од најголемите проблеми на државата.
Досегашните мерки што ги презема власта, не само што не се ефикасни, туку речиси воопшто не функционираат.
Автомобилите, иако се загадувачи, не се главниот загадувачки фактор, поради фактот што за викенди и навечер сообраќајот е многу помал, а аерозагадувањето е се поголемо.
Главен и најголем причинител за ова енормно загадување се токму оџаците на домаќинствата. Се додека начинот на загревање во домовите не се замени со гас и останати еколошки загревања, македонците ќе продолжат да се гушат.