22 април, 2025
ПочетнаСВЕТМасовно убиство во Цетиње, 12 мртви

Масовно убиство во Цетиње, 12 мртви

Бројот на жртвите на масовното убиство во Цетиње се искачи на 12, меѓу кои и двајца малолетници. Напаѓачот им подлегнал на раните откако се обидел да се самоубие.

45-годишен маж со огнено оружје уби најмалку 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца.

Според информациите на локалните медиуми, сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена. По неколкучасовна потрага, напаѓачот си нанел самоповредливи повреди од кои при транспорт во болница починал.

Најпрво не беше јасно што го предизвикало крвавиот чин на тој човек, пренесува dpa. Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку за емотивен чин.

Германската агенција потсетува дека во истиот град во август 2022 година, вооружен напаѓач застрелал десет луѓе пред самиот да биде убиен од вооружен минувач.

Во информацијата се наведува и дека во Црна Гора и другите балкански земји многу луѓе се вооружени и често немаат дозволи за оружје.

За тоа злосторство во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП