19 април, 2025
ПочетнаСВЕТСо автомобил влетал во толпа во Њу Орлеанс и почнал да пука....

Со автомобил влетал во толпа во Њу Орлеанс и почнал да пука. 10 загинати, 30 повредени

Напаѓач со својот автомобил влетал во група луѓе во Њу Орлеанс. Неколку лица се повредени, а според првичните информации има и мртви. Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови.

Според првите информации загинале 10 лица, додека 30 се повредени. Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот, ниту дали се работи за тероризам. Не е познато дали возачот е уапсен.

Nola Ready, владина агенција во Њу Орлеанс, објави на социјалните мрежи дека имало „инцидент со масовни жртви на улиците Канал и Бурбон“ и им порача на оние во близина да се „тргнат од областа“.

Гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, смртоносната несреќа на улицата Бурбон, во која најмалку 10 лица загинаа откако возач влетал во толпа луѓе, ја нарече „ужасен чин на насилство“ и побара молитви за жртвите и за оние кои први реагирале.

Сведоците го опишаа хоророт во Њу Орлеанс. „Одлета тело до мене“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП