Гласините за новите iPhone-и кои Apple треба да ги претстави во 2025 година кружат веќе подолго време. Има гласини за цената на претстојниот iPhone SE, потенцијално ултра тенок дизајн на iPhone Air, а сега пристигнува уште една гласина – за стапката на освежување на екранот на претстојната серија iPhone 17.
Apple досега ги ограничуваше дисплеите со високо освежување на своите модели на смартфони Pro, додека неговите ривали со Android воведоа стапки на освежување од 120 Hz дури и за уредите со пониска средна класа. Сепак, се чини дека работите би можеле да се променат во 2025 година, пренесува GSM Arena.
Според новиот извештај, целата линија на iPhone 17 треба да добие ProMotion дисплеи (ProMotion е заштитно име на Apple за екрани со високо освежување).
Сè уште не е јасно дали основните модели на iPhone 17 ќе поддржуваат стапка на освежување од 120 Hz, како моделите Pro кои ја уживаат оваа функција со години, или дали Apple ќе оди со 90Hz за основните модели. Во секој случај, тоа е подобрување во однос на сегашните 60 Hz – иако доаѓа со задоцнување.
Ако тоа се случи, новиот iPhone SE ќе биде единствениот со екран кој работи на 60 Hz. Ова има смисла бидејќи SE е најевтиниот модел во палетата на Apple.
Сепак, бидејќи развојот на следната генерација на iPhone е сè уште во рана фаза, можни се промени. Но, гласините за воведување на ProMotion екрани за целата серија iPhone 17 стануваат се поубедливи, па се надеваме дека ќе се оствари.