Земјите низ Источна и Југоисточна Азија, вклучително и Кина, Филипините и Малезија, Хонг Конг и Сингапур ја дочекаа Новата 2025 година со огномет и дронови.
Прославите се намалени или откажани во Јужна Кореја по авионската несреќа во Муан во неделата во која загинаа 179 луѓе.
Претходно, Новата 2025 година пристигна во Австралија, а во пристаништето во Сиднеј беше пречекана со традиционален огномет.
На приемот настапи британскиот пејач Роби Вилијамс, а со музика беа почестени домородните племиња од таа земја.
Два часа пред тоа Новозеланѓаните ја дочекаа Новата година, која беше пречекана во Окленд со огномет, со кој им оддадоа почит на домородните племиња.
Новата година најпрво во светот беше прославена на малиот остров Лајн, кој припаѓа на островската држава Кирибати во централниот дел на Тихиот Океан.
Последните населени места за добредојде на 2025 година ќе бидат островите Ниуе и Американска Самоа, лоцирани југозападно од Кирибати во јужниот дел на Пацификот.