19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕлектронските уреди во ЕУ од денеска со единствен полнач

Електронските уреди во ЕУ од денеска со единствен полнач

Од денес, мобилните телефони и другите мали електронски уреди, освен лаптопите, што се продаваат во ЕУ мора да имаат еден полнач со влез USB-C. Европската комисија подготви предлог за воведување на еден полнач во 2021 година.

Според првичниот план, новите правила треба да стапат на сила кон средината на оваа година, но примената е малку одложена.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ го поддржаа предлогот со големо мнозинство гласови. Во образложението, меѓу другото, наведоа дека стандарден полнач за сите електронски уреди – покрај телефони, таблети, електронски читачи, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли за видео игри и преносни звучници – ќе ја намали количината на електронски отпад.

Во согласност со правилата на ЕУ, потрошувачите нема да мора да земаат нов полнач со секој купен уред.

Претседателката на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, Ана Кавацини, соопшти дека ова е „решителен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.

Меѓу производителите кои најдолго го одложија претставувањето на USB-C конекторот е американскиот технолошки гигант Apple, кој тоа го направи минатата година.

Новите правила се уште не важат за производителите на лаптопи. Тие ќе стапат на сила на 28 април 2026 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП