За нешто повеќе од една недела дена беше распродадена целата арена „Борис Трајковски“ каде на 16 мај 2025 година легендарното трио К-15 со големо шоу ќе прослави 30-годишен јубилеј. Иако станува збор за настан кој ќе се одржува дури за шест месеци, големиот интерес започна уште на полноќ на 15 декември, во моментот кога официјално започна продажбата.
Картите се продаваа на платформата „Купи карта“, од каде денеска со плакета ги наградија Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров и со тоа им оддадоа признание за најбрзо распродаден настан во нивната историја.


