4 јули, 2025
ПочетнаСВЕТВо Косово регистриран првиот случај на мајмунска сипаница

Во Косово регистриран првиот случај на мајмунска сипаница

Првиот случај на мајмунска сипаница е регистриран на Косово, соопшти Институтот за јавно здравје на Косово, наведувајќи дека се работи за 30-годишен маж кој живеел во една од западноафриканските земји.

Тој веднаш по враќањето дошол на преглед во приштинската КБЦ со симптоми како што се – покачена температура, промени на кожата и чешање, пренесува КоССев.

Лабораториските наоди, според институтот, тогаш покажале дека тој боледува од „Мпокс“, односно била потврдена мајмунска сипаница.

Тој е во стабилна состојба, а прегледани се членовите на неговото семејство и луѓето кои биле во контакт со него.

Иако наведуваат дека нема место за паника, приштинскиот институт за јавно здравје апелира до граѓаните да бидат внимателни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар