ТТК Банка преку соопштение на Македонската берза го потврди реизборот на долгогодишниот Генерален директор проф. д-р Драгољуб Арсовски, кој успешно во континуиран раст ја води банката.
“Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

