“Во јануари Дениз Ричардс пиеше чај Good Nature. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден деветнаесет милиони и четиристотини илјади евра”, вели Живко Мукаетов, Генерален директор на една од нашите најуспешни македонски компании.