27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајголемиот конкурент на Facebook доаѓа од Кина

Најголемиот конкурент на Facebook доаѓа од Кина

kina face book

Често пати се обраќаме кон „Facebook“ како „најголемата социјална мрежа во светот“. Таа нејзината вокација е заслужена, бидејќи компанијата располага со над 1119 милиони активни корисници месечно, што е значително повеќе од кој и да е друг нејзин конкурент.

Но, всушност е прашање на само неколку недели пред „Facebook“ да стане втората по големина друштвена мрежа во светот. Компанијата на Марк Цукерберг  има доста сериозен конкурент во лицето на кинеската „Tencent“ , пишува Стив Тапин, извршен директор на „Xinfu“ на својата интернет страна „WorldOfCEOs“.

Тапин објавува агрегирани податоци од анализите на „JPMorgan“, „Credit Suisse“ и „Bloomberg“. Од нив станува јасно дека во моментов „Tencent “, заедно со двете услуги „QQ“ и „WeChat“,  има 1054 милиони активни корисници месечно. За разлика од другите кинески социјални мрежи, како „Weibo“ или „RenRen“, услугите на „Tencent“ се достапни во целиот свет и дури сега компанијата почна тоа да го искористува.

Неодамна таа го ребрендираше „WeChat“ од старото име на услугата „Weixin“, токму за да е попривлечна за меѓународна публика. Овој чекор им донесе значителен успех. За месеците помеѓу мај и септември годинава, бројот на корисниците надвор од Кина се удвојува и достигна над 100 милиони лица. Пред една година вкупниот број на корисници на „WeChat“ бил 85 милиони луѓе.

„WeChat“ е интегриран во платформата „QQ“ на „Tencent“ , кој нуди дополнителни услуги, инспирирани од социјалните мрежи, онлајн игри и друго. „QQ“ исто така е достапна и надвор од Кина. Компанијата сепак сака да го стави фокусот врз „WeChat“, откако сега апликацијата располага со дополнителни услуги како бесплатно испраќање на кратки говорни пораки, можност за „следење“ на интересни членови, креирање на затворени кругови од луѓе со директни врски меѓу нив и друго. Практично „WeChat“ обединува функции од повеќето други социјални мрежи на едно место.

Компанијата не ги крие амбициите за глобална експанзија. Нејзиниот претседател Мартин Ло призна дека се уште не можат да најдат начин да се пробие на американскиот пазар, бидејќи тој е многу развиен и има бројни услуги кои се многу популарни.

„Ќе се обидеме да најдеме начини да понудиме различни услуги“, коментираше тој за време на конференцијата на Универзитетот Стенфорд.

Според Тапкин, „Tencent“ ќе успее да го стигне „Facebook“ во број на корисници и тоа многу брзо. Но тој предвиде и дека компанијата има реална шанса да изгради сериозен бизнис, чија вредност ќе им се допадне и ќе биде ценета од корисниците, а за неколку години ќе е дел од нашиот секојдневен живот. Тој исто така ја повикува Кина за поголема слобода за пристап до интернет услугите од локалните корисници, кои во моментов не можат да ги користат „Facebook“ и „Twitter“ на пример и така кинеските компании имаат предноста за пристап до доста поголема корисничка база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП