Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард изјави дека еврозоната „се приближува“ до постигнување на среднорочната цел на централната банка за инфлација. Претходно во декември Лагард објави дека централната банка дополнително ќе ги намали каматните стапки доколку инфлацијата продолжи да паѓа кон целта од 2 отсто, бидејќи повеќе не е потребно зауздување на растот.
-Многу сме блиску до фазата во која можеме да кажеме дека одржливо ја доведовме инфлацијата на нашите среднорочни два проценти – рече Лагард, повикувајќи на континуирана претпазливост во однос на инфлацијата на услугите. Знаете, инфлација, последното читање што го имаме е 2,2 отсто. Но, услугите се уште се 3,9 проценти и не се менуваат многу. Тие се движеа околу четири проценти, изјави Лагард.

