17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault и Mitsubishi ја прошируваат соработката

Renault и Mitsubishi ја прошируваат соработката

sorabtoka

Групацијата „Renault-Nissan“ и „Mitsubishi“ објавија дека ќе ја интевизираат својата соработка, вклучувајќи и заедничко производство на некои модели и размена на технологија и производните капацитети.

Во прво време предвидено е „Mitsubishi“ да комерцијализира некои модели на францускиот партнер под своето име, а првото такво возило ќе биде произведено во филијалата на „Renault“ во Јужна Кореа и ќе биде наменето за пазарите во САД и Канада.

Партнерството исто така подразибра и размена на технологијата во производството на електричините возила.

Иако идната соработката е за заедничка корист, таа е особено значајна за „Mitsubishi“, со оглед на моменталната позиција на јапонската компанијата која е многу изолирана кога станува збор за алијансата во глобалната авто-индустрија.

Инаку, двете компании соработуваа и претходно, пред се во сегментот на „crossover“ возилата. Во Азија соработката траеше до 2003-та година, а во 2011-та година тие основаа заедничка компанија „NMKV“, за развој и производство на мали градски автомобли, таканаречени „kei cars“, кои се многу популрани во Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП