СВЕТ

Хорор: Моментот кога БМВ со полна брзина влета во толпата и ги покоси, возачот е уапсен(ВИДЕО)

На социјалните мрежи на големо се споделува страшната снимка од терористичкиот напад што се случи вечерва на популарниот божиќен пазар во германскиот град Магдебург.

— Michael (@Michael27184036) December 20, 2024

На видеото се гледа како возачот на БМВ со полна брзина влета во толпата.

По страотниот удар во насобраната маса луѓе, некои останаа да лежат на земја, а останатите посетители на саемот почнаа да бегаат.

Германските медиуми јавуваат дека напаѓачот е уапсен, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.

Спасувачката служба на градот соопшти дека меѓу 60 и 80 луѓе биле повредени кога автомобил влетал во толпата на саемот во Магдебург.

Локалната полиција соопшти дека најмалку едно лице загинало.

Како што претходно објави германскиот портал Т-Онлајн, 11 лица загинаа, а уште 60 се повредени. Во исто време, според медиумите, се судриле два автомобили. Оваа информација не е официјално потврдена.

Не е сосема јасно дали се работи за еден или два автомобили. Германските медиуми даваат различни информации.

Полицијата во Магдебург на платформата Х изјави дека интензивните полициски операции се во тек на божиќниот саем во Магдебург.

„Вашар во центарот на градот е затворен. Наскоро очекувајте нови информации“, велат од полицијата.

Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, рече дека е ужаснат од настаните на божиќниот пазар и се упатил кон Магдебург.

Тој рече дека не може да даде повеќе информации за жртвите или за позадината на инцидентот. Магдебург, кој се наоѓа западно од Берлин, има околу 240.000 жители.