2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку електрични модели планира BMW?

Колку електрични модели планира BMW?

BMW-i3-and-i8-Concepts

„BMW“ на саемот во Франкурт ги претстави првите два продукциски модели од новата серија „i“. Иако фановите на автомобилите на овој производител не гледаат позитивно на трендот на електрификацијата, но компанијата нема намера да запре во тоа.

Што и да мислите за моделите „i3“ и „i8“, од „BMW“ велат дека и тие мораат да бидат дел од неизбежната ера на новите технолошки трендови и еколошки ограничувања. Со оглед дека „BMW“ јасно ги одвои новите модели со алтернативни погонски системи во посебен под-бренд, не постои страв дека оваа компанија ќе го загуби својот препознатлив идентитет и позицијата која ја завзема во авто-индустријата.

Сепак, паралелно со производството на луксузни и спортски автомобили на какви што сме навикнати, „BMW“ ќе продолжи да ја проширува гамата на електрични и хибридни модели. За таа цел, германскиот производител официјално ги заштити ознаките од „i1“ дo „i9“.

Тоа не значи дека на улиците на светските градови многу брзу ќе бидат преплавени со електрични возила со ознаката на „BMW“, туку дека во оваа компанија имаат долгорочна стратегија на овој вид на автомобили. Засега од „BMW“ единствено признаваат дека електричниот СУВ модел со ознаката „i“ не е во план, а автомобили од другите сегменти и натаму се во игра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП