Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Претседателот на РКЕ, Марко Бисломоски вели дека регулаторите првпат го искористиле контролниот механизам во определување на цената на електричната енергија со цел да не се предизвика голем ценовен шок оти ЕВН побара зголемување на цената за 4,4 проценти.
„Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 %. Првиот блок за 0,68 %, вториот блок за 0,9 %, третиот блок 1,93 % , четвртиот блок 2,24 % и евтината тарифа за 0,9 %. Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое што има сметка од, да речеме, 2300 денари, со зголемувањето на цената на електричната енергија трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар“, рече претседателот на РКЕ, Бислимоски.

