22 април, 2025
ПочетнаСВЕТОВА Е УБИЕЦОТ НА ГЕНЕРАЛОТ НА ПУТИН! Објавено е видео на Федералната...

ОВА Е УБИЕЦОТ НА ГЕНЕРАЛОТ НА ПУТИН! Објавено е видео на Федералната служба за безбедност, во кое детално се опишува како ја извршил ликвидацијата(ФОТО)

На руските социјални мрежи се појави видео од Узбекистанец осомничен за ликвидација на генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на нуклеарната заштита, биолошката и хемиската одбрана на силите на Русија, кој вчера беше разнесен со експлозив пред зграда во Москва.

Според каналот Шот на Телеграм, името на осомничениот е Ахмад Курбанов (29).

Се појави видео од сослушувањето на Курбанов од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на кое тој признава дека постапил по инструкциите на украинските безбедносни служби, за што му ветиле 100.000 долари и живот во ЕУ.

Курбанов ја активирал експлозивната направа поставена во електричниот скутер во моментот кога Кирилов ја напуштил зградата на булеварот Рјазански.

Според информациите од социјалните мрежи, Курбанов не бил првпат во Москва.

Тој веќе престојуваше во руската престолнина во 2015 година, кога дојде таму од Узбекистан да работи во чајџилница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП