19 април, 2025
ПочетнаСВЕТСАД негираат вмешаност во убиството на Кирилов, ОН не го осудија терористичкиот...

САД негираат вмешаност во убиството на Кирилов, ОН не го осудија терористичкиот напад

Обединетите нации не го осудија терористичкиот напад врз началникот на Силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов, но ги повикаа „сите страни“ да се воздржат од понатамошна ескалација на тензиите, пренесува RT.

„Свесни сме за веста за инцидентот што се случи денеска во Москва, како резултат на кој загинаа двајца руски војници. Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да се воздржат од дејствија кои можат да доведат до натамошна ескалација на тензиите“, соопшти портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик на брифингот.

Во меѓувреме се огласи и портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер кој рече дека САД немаат никаква врска со терористичкиот напад во Москва.

„Можам да ви кажам дека Соединетите Американски Држави однапред не знаеја за тоа и не учествуваа во тоа“, рече Мулер на брифингот, коментирајќи го убиството на Кирилов.

Претходно, заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански изјави дека Русија сигурно ќе го покрене прашањето за терористичкиот напад врз генералот Кирилов за време на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина на 20 декември.

Во експлозија во југоисточниот дел на Москва, загина шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руските вооружени сили, генерал-полковник Игор Кирилов. Покрената е кривична постапка за тероризам, убиство и недозволено поседување оружје.

Ројтерс тврди дека експлозијата ја организирала Службата за безбедност на Украина.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека истрагата штотуку започнала, но дека непријателите на Русија не ја кријат својата инволвираност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП