25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКои смартфони имаат најдобра, а кои најлоша батерија?

Кои смартфони имаат најдобра, а кои најлоша батерија?

Ipo Fever

„Apple iPhone 5S“ можеби доби голем број на комплименти на сметка на брзината на работа, базирана на бројните тестови, но се чини дека тоа влијае на батеријата.

Истражувањето кое го спроведе магазинот „Which“ го споредуваат траењето на батериите на 8 премиум смартфони, вклучувајќи ги моделите кои ги прават „Apple“, „Samsung“, „HTC“, „Nokia“ и „BlackBerry“. Тестовите се занимаваа со времето поминато во разговори и сурфање на интернет.

„Samsung Galaxy S4“ се најде на првото место во двете категории, додека „iPhone 5S“ го зазема четвртото место кога се повиците во прашање и седмото место при сурфањето на интернет.

„Apple iPhone 5C“ оствари уште полоши резултати, па така овој уред се најде на седмото и осмото место.

Другите уреди кои беа тестирани се: „HTC One“ и „HTC One Mini“, „Samsung Galaxy S4 mini“, „BlackBerry Z10“ и „Nokia Lumia 1020“.

„HTC One“ дојде до второто место кога се повиците во прашање и четвртото место кога е оценувано траењето на батеријата при сурфањето.

„Samsung Galaxy S4 Mini“ беше трет во категоријата на телефонирањата и втор при користењето на интернет.

Секој од телефоните е тестиран на идентична мрежа и на исто место.

Ова значи дека сигналот при тестирањата на секој телефон бил идентичен, поради тоа што сигналот може да влијае на траењето на батеријата, затоа што телефонот мора напорно да работи за да дојде до прием.

Осветлувањето на екранот било на исто ниво кај сите телефони и не било наместено на „максимално“, за да не бидат казнети телефоните со светли екрани, а сите батерии биле наполнети до максимум и потоа целосно испразнети.

„Нашето истражување покажа дека батеријата на новиот „iPhone“ трае многу подолго отколку на старите модели, но не е во состојба да ги надмине најдобрите „Android“ уреди“, изјави главниот истражувач Џон Бероу.

„iPhone je 5C“ успеал да оствари 564 минути во разговор и 252 минути во сурфање, додека батеријата на „iPhone 5S“ издржала 651 минути разговор и 298 минути на интернет.

Батеријата на „Galaxy S4“ имала 1.051 минути разговор и 405 минути сурфање на интернет.

„Mini“ верзијата на уредот издржала 746, односно 394 минути.

„HTC One“ успеа да оствари 771 минути разговор и 339 минути сурфање, додека мини верзијата на двата теста издржа 592 и 385 минути.

„BlackBerry Z10“ на корисниците им нуди 600 минути разговор и 335 минути сурфање, додека моделот „Nokia Lumia 1020“ тестовите ги заврши со 460 и 306 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП