22 април, 2025
ПочетнаСВЕТКој беше убиениот руски генерал Кирилов: Неодамна ја вознемири јавноста за „68...

Кој беше убиениот руски генерал Кирилов: Неодамна ја вознемири јавноста за „68 изгубени извори на јонизирачко зрачење“

Рускиот генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (РХБ), кој утринава беше убиен од експлозивна направа во Москва, последен извештај пријави на 5 ноември. Тој тогаш предупреди дека е алармантно што наводно во Украина се „изгубени“ 68 извори на јонизирачко зрачење, што може да се окарактеризира како „несреќа со радијација“.

Тој на брифингот рече и дека за време на војната во Украина било можно да се спречи Киев да формира сопствена нуклеарна програма.

Само еден ден претходно, Украинската служба за државна безбедност (СБУ) го осуди Кирилов во отсуство за наводна употреба на забрането хемиско оружје во Украина.

Кирилов стои и зад руските обвинувања против САД дека Украина има 45 лаборатории за развој на биолошко оружје во земјите околу Русија, вклучително и Украина. Тој ги објави и документите за кои Москва тврди дека биле запленети од руските специјални сили во една од украинските лаборатории.

Кирилов ја обвини Украина и дека подготвува „валкана“ нуклеарна бомба, пишува Комсомолскаја Правда. Станува збор за експлозивна направа која содржи радиоактивен материјал, а не е нуклеарна боева глава.

Убиениот генерал учествувал и во развојот на нови руски вооружени системи со т.н „волуметриска детонирачка муниција“, која денес се користи во Украина.

Како што пренесуваат руските медиуми, во експлозијата загинал и возачот на Кирилов, а експлозивот бил поставен во електричен скутер поставен пред зградата на Рјазански проспект. Проценетата моќност на експлозивната направа е околу 200 грама ТНТ, таа била активирана од далечина, додека шрапнелите оштетиле два автомобили, пишува новинскиот канал Mash Telegram, кој објави и снимки од местото на настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП