АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво со назив АЛКАЛОИД ЕНЕРГЕТИКА ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија. Друштвото е во 100 % сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Имајќи ги предвид заложбите на АЛКАЛОИД АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во нивното остварување. Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво. Со овие капацитети ќе се овозможи од 75 до 85 % од електричната енергија која се користи за производствените капацитети на АЛКАЛОИД АД Скопје да биде од сопствени обновливи извори.

