10 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle го објави најнапредниот AI модел до сега

Google го објави најнапредниот AI модел до сега

Американската компанија Alphabet, под чија капа работи Google, го најави лансирањето на најновиот AI модел Gemini 2.0, најнапредниот модел со вештачка интелигенција до сега, среде глобалниот натпревар за водечка позиција во оваа сфера на напредна технологија.

Извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи изјави дека новиот модел ќе го означи „почетокот на нова технолошка ера“ во развојот на вештачката интелигенција, со AI модели дизајнирани да донесуваат автономни одлуки за светот околу вас, пренесува France 24.

„Целта на Gemini 2.0 е да ги направи информациите многу покорисни. Овие достигнувања нè доближуваат до напредната визија на универзалниот асистент“, рече Пичаи, нагласувајќи ја подобрената способност на овој модел да го разбере контекстот, да размислува неколку чекори напред и да преземе одредени активности во име на корисникот.

Лансирањето на Gemini 2.0 предизвика зголемување на акциите на компанијата на Волстрит за повеќе од четири отсто, само еден ден откако веќе пораснаа за 3,5 отсто по лансирањето на новиот, револуционерен квантен чип.

Квантниот чип Willow е способен да решава сложени проблеми за неколку минути, додека на најбрзиот суперкомпјутер на денешницата ќе му требаат 10 септилиони години за да реши такви сложени операции (септилион е милион на седми степен).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП